Сања Илиќ и Балканика ќе ја претставуваат Србија на Евровизија со песната „Нова деца“.
На музичкиот натпревар „Беовизија“, кој по 9 години пауза повторно се одржа во Белград, песната „Нови деца“ доби најмногу гласови и ги победи останатите 16 музички нумери.
За музиката се заслужни Сања Илиќ и Татјана Карајанов, текстот го потпишува Даница Крстајиќ, додека аранжманот е дело на Дарко Димитров.