DJ Earworm традиционално создаде музички микс кој ги обединува најголемите хитови.
Најновиот поп „мешап“ на диџејот од Сан Франциско е наречен „50 Shades of Pop“, а ги спојува 50-те најпопуларни песни, меѓу кои „Sugar“ на Maroon5, „Thinking Out Loud“ на Ед Ширан, „Can't Feel My Face“ од The Weeknd, „See You Again“ на Виз Калифа и Чарли Пут...
Популарниот продуцент, чие вистинско име е Џордан Роузман, изјави дека новосоздадената песна не би била целосна без хитот „Hello“ на Адел.