Торонто и оваа година беше домаќин на канадските MuchMusic видео награди. Поп ѕвездите Лејди Гага и Џастин Бибер беа големи победници на вечерта.
17-годишниот Бибер беше прогласен за омилен изведувач за неговиот спот за „Somebody to Love“. Освен тоа, неговото музичко видео за „Somebody to Love“ заедно со спотот на Дрејк за „Find Your Love“ ја поделија наградата за најдобро интернационално видео од Канаѓанец.
Лејди Гага беше прогласена за најпопуларна интернационална артистка, но исто така ја освои и наградата за најдобро интернационално видео за „Judas“.
Како и на сите други музички манифестации, во центарот на вниманието не беа трофеите или наградите, туку изведбите на специјалните музички гости.
Вчера публиката ја забавуваа многу музички ѕвезди меѓу кои и Лејди Гага, Селена Гомез и Бруно Марс.
Лејди Гага настапи двапати со новите хитови „Born This Way“ и „Edge Of Glory“.
Селена Гомез, која воедно беше и водителка на манифестацијата, настапи со „Who Says“ заедно со The Scene.
Бруно Марс ја крена публиката на нозе со интересна изведба на „Just The Way You Are“.