Во највеселиот период од годината, Кики Мукаетова ја засилува празничната магија со божиќен проект.
Шармантната тинејџерска ѕвезда ја отпеа „Божиќ за секој од нас“, будејќи ни позитивни емоции, емпатија и желба за споделување и подарување.
„Сите исто сакаме – здравје, љубов, среќа, спас / Ова е Божиќ за секој од нас“ е пораката која Кики ја испраќа заедно со Илија Јовчев, а ним им се придружија и децата од хорот на Златно Славејче, Горан Папаз, Александар Митевски и Ана Костова.
Песната „Божиќ за секој од нас“ за првпат беше снимена во 2009 година. Текстот го потпишува Огнен Неделковски додека музиката и аранжманот се дело на Александар Митевски.