Кети Пери го објави спотот за „Rise“. Видеозаписот за песната, која ја сними за Олимписките игри во Рио де Жанеиро, 31-годишната пејачка го сподели на својот профил на Vevo.
Во видеото, музичката ѕвезда се бори, се обидува да го надвладее стравот и да се издигне високо, покажувајќи ја силата на еден олимпиец.