Кети Пери штотуку го објави долгонајавуваниот спот за хитот „The One That Got Away“. Во видеото Кети со помош на визуелни ефекти се претвора во старица која тагува за изгубената љубов на својот живот.
„Оваа песна покажува друга страна од мене која ја немам откриено во претходните мои синглови. Мислам дека секој може да се поврзе со оваа песна... Тоа е слатко-горчлива приказна“ – изјавила Кети.
Спотот ја опишува трагичната љубовна приказна на Кети и нејзината љубов од младоста, во чија улога е актерот Диего Луна. Носталгичното видео ги покажува среќните моменти од нивната љубовна врска исполнети со многу страст и лудост, но и ненадејната смрт на саканиот на младата пејачка.
„The One That Got Away“ е шестиот сингл од последниот студиски албум на Кети Пери, „Teenage Dream“.