Каролина Гочева ги изненади фановите со динамична песна. „Македонското девојче“ ја промовираше „Од небо до дно“ со забавен спот.
Песната и видеозаписот асоцираат на 80-тите години, кои во последно време се инспирација за многу светски ѕвезди.
„Од небо до дно“ е снимена во соработка со Роберт Билбилов.
„Драги мои, како што ви најавив на последниот концерт, по долго време претставуваме нешто ново, забавно и долгоочекувано“ – порача Каролина.