Ед Ширан освојува со емотивна песна посветена на австралиската музичка легенда Мајкл Гудински.
30-годишниот музичар за првпат ја отпеа „Visiting Hours“ на комеморацијата на Гудински во Австралија, а сега ја претстави баладата со видеозапис.
Гудински, нарекуван и „татко на австралиската музичка индустрија“, почина во сон на 68-годишна возраст, па песната одекнува со силни емоции во ушите на сите кои загубиле некој што го сакале.