Бијонсе вчера го прослави својот 35. роденден и ги израдува своите обожаватели со нов спот. Славната пејачка го објави видеозаписот за „Hold Up“ во кој со палка крши автомобили.
„Hold Up“ е дел од нејзиниот најнов албум „Lemonade“, кој за кратко време стана голем хит.
На видео музичките награди на MTV, Бијонсе се закити со осум статуетки, меѓу кои за Најдобро видео на женски изведувач токму за „Hold Up“.
На својот сајт, Бијонсе објави и фотографии од снимањето: