Бијонсе најпосле реши да го покаже невестинскиот фустан. Талентираната пејачка стапи во брак со Џеј-Зи во 2008 година, но тоа беше една од најтајните свадби и од неа не исплива ниту една фотографија во јавноста.
Во новото емотивно видео за песната „I Was Here“ Бијносе за само три секунди им дозволи на своите фанови да го видат раскошниот невестински фустан во кој таа го кажа судбоносното „Да“ (фустанот може да се види на 03:36 од видеото).
Видеото го следи животот на Бијонсе од најмали нозе до денес и се покажани многу кадри од нејзиното детство, нејзините патувања низ цел свет и нејзините најдобри настапи.