Бијонсе го објави музичкото видео за „Sorry“ од својот хит албум „Lemonade“.
Во црно-белото видео се појавува и тениската ѕвезда Серена Вилијамс.
Видео
Токму оваа песна од новиот албум на славната пејачка неодамна поттикна шпекулации дека е за неверство на Џеј Зи. Во песната Бијонсе пее: „He only want me when I’m not on there / He better call Becky with the good hair“. Откако дизајнерката Рејчел Рој сподели на Instagram фотографија со пораката „Good hair don’t care, but we will take good lighting, for selfies, or self truths, always“, фановите на Бијонсе избрзаа да ја обвинат дека имала афера со Џеј Зи.
Иако Рејчел изјави дека нема вистина во гласините, многумина сè уште се убедени дека таа имала тајна врска со популарниот рапер.