Бијонсе ја воодушеви публиката и им ги затвори устите на критичарите со својот енергичен, а воедно и емотивен настап на култниот фестивал Гластонбери, којшто многумина го нарекуваат и најголемиот музички фестивал.
29-годишната пејачка го започна својот настап со хитот „Crazy In Love“ и изрази огромно задоволство и среќа што е главниот изведувач на фестивалот. Таа им се обрати на публиката која броеше повеќе од 175 000 лица со зборовите: „Сакам сите да знаете дека сега сте сведоци на остварувањето на мој сон“.
Додека нејзиниот сопруг Џеј-Зи заедно со Гвинет Палтроу будно го следеше секој потег на Бијонсе на сцената, 29-годишната пејачка настапи со повеќе хитови меѓу кои и „Single Ladies“, „Survivor“, „Say My Name“, „If I Were A Boy“ и „Halo“.
Погледнете го нејзиниот одличен настап: