Бијонсе го објави спотот за нејзиниот сингл „Love on Top“. Видеото е едноставно и исполнето со многу танцување.
Во спотот 30-годишната ѕвезда предводи група машки танчари и покажува кореографија инспирирана од машките бендови од 80-тите.
„Имав идеја за видеото инспирирана од некои од моите омилени машки групи. Се сеќавам дека гледав видеа од New Edition, Jackson 5 и The Temptations, бендови кои ги сакам поради нивната убава хармонија и прецизна кореографија, и отсекогаш сакав да направам спот во кој јас ќе бидам дел од машка група. Беше многу забавно“ – изјавила Бијонсе.