„Somebody That I Used To Know“ ја одбележа годината што изминува. Според музичката платформа Spotify, песната на Готје освен што е најпопуларна на светско ниво, таа е и најсподелуваната песна на социјалните мрежи.
Хитот на Готје и Камбра ја надмина дури и мега популарната „Call Me Maybе“ на Карли Реј Џепсен.
Од музичките албуми, најпопуларен е „Nothing But The Beat“ на Дејвид Гета. Најпопуларна пејачка е Ријана, додека најпопуларен музички изведувач од машки пол е Дејвид Гета.