Адел ја имаше најуспешната година во својата кариера, па воопшто не е чудно што нејзиниот мега хит „Rolling in the Deep“ стана најпродаваната песна на iTunes за 2011 година.
Младата британска пејачка доби и уште една потврда за својот музички талент – нејзиниот албум „21“ е најпродаваниот албум на iTunes за ова година.
Вториот најпродаван хит го има американското дуо LMFAO, а станува збор за песната „Party Rock Anthem“. На третото место се најде „Firework“ од Кети Пери, а четврта на листата заврши „Grenade“ на Бруно Марс.