Лејтон Мистер го објави својот прв музички албум. Ѕвездата од „Gossip Girl“ изјавила дека албумот „Heartstrings“ ја претставува неа како личност.
„Сензитивен е, на одреден начин претпазлив, но и отворен и ранлив и триумфален“ – рекла таа во интервју за „Elle“.
Инспирацијата за Мистер доаѓа од секојдневниот живот и односите со најблиските. „Семејството, пријателите, саканите, врските и сè што се случува во реалниот живот е добар извор на инспирација за секој што пишува музика“ – изјавила таа.