По 18 месеци пауза, Ед Ширан има нова музика.
29-годишниот пејач денес објави видео во кое ја изведува песната „Afterglow“.
„’Afterglow’е песна која ја напишав минатата година, а која сакав да ја објавам за вас. Не е прв сингл од нов албум, туку само песна која ја сакам и се надевам дека и вие ќе ја сакате. Уживајте! Имајте безбеден и среќен празничен одмор и среќна Нова година. Сега се враќам во земјата каде сум татко, чао“ – напиша талентираниот пејач.