Почетна » Новости » Мода » Што е ИН во новата модна сезона?

Што е ИН во новата модна сезона?

Иако сè уште уживаме во летните температури, наскоро нè очекува есенското заладување, а тоа автоматски повлекува и стилски промени.

Време е да ѕирнеме низ тенденциите кои се „натпреваруваат“ да им ги освојат срцата на вљубеничките во модата во претстојната сезона.

Спортски шик на ново ниво

Instagram е преплавен со спортски комбинации, а брендовите ги „слушаат“ преференциите на трендсетерките, па засилено вклучуваат атлетски парчиња во есенските колекции. Клучот кај овој тренд е во пропорциите. Широките долни тренерки најдобро е да ги комбинирате со тесен топ за ултра модерен изглед, а широките дуксери со бициклистички или тесно здолниште.

FashionGroupДуксер Guess FashionGroupТренерки Guess FashionGroupДуксер Guess

„Миди“

Заборавете на макси фустаните кои царуваат во летните денови. Миди ќе биде најпопуларна должина кај фустаните и здолништата наесен.

FashionGroupЗдолниште Guess FashionGroupФустан Mango FashionGroupЗдолниште Parfois FashionGroupЗдолниште Guess

Животински инстинкти

High street брендовите го следат позитивното расположение на врвните дизајнери околу животинските принтови. Експериментирајте со змиски, зебрест или тигрест принт и покажете смелост и непокорност.

FashionGroupФустан Mango FashionGroupФустан Mango FashionGroupКошула Mango

Супер фина плетка

Плетените маички неочекувано си пронајдоа значајно место и во летните трендови, а фините плетенини ќе продолжат да мамат приврзанички и во текот на студените денови.

FashionGroupЏемпер Mango FashionGroupЏемпер Guess FashionGroupКардиган Mango

Блескава привлечност

Со блесок застанете во центарот на вниманието. Независно дали ќе изберете металик нијанси или сјајни ткаенини, со сигурност ќе фатите љубопитни погледи.

FashionGroupФустан Replay FashionGroupЈакна Replay

Многу повеќе модни предлози за есенската сезона ќе пронајдете на онлајн продавницата на Fashion Group

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.