Меган Маркл и принцот Хари го поминаа викендот со различни активности во рамките на „Invictus Games“.
На меѓународниот спортски настан, посветен на повредени или болни воени лица и ветерани, парот оствари повеќе средби со учесниците и проследи неколку натпревари.
40-годишната поранешна актерка привлекуваше внимание со харизматичната насмевка, позитивната енергија и модерните комбинации.
На церемонијата по повод отворањето на Игрите, Меган се појави во црни панталони, бежово боди со набори од брендот Khaite и накит од Cartier. Таа го најави принцот Хари на сцената со зборовите: „Огромна чест ми е да ви претставам некој кој мислам дека со возбуда ќе сакате да го слушнете. Не е возможно да го сакам и почитувам повеќе од ова и знам дека и сите вие се чувствувате исто. Тој е основач на Invictus Games и татко на двете наши малечки, Арчи и Лили. Ве молам поздравете го мојот неверојатен сопруг, принцот Хари, Војводата од Сасекс.“
Меган и Хари го покажаа својот ведар дух и додека се возеа во мини автомобили управувани од дечиња. Нејзиниот кежуал стајлинг вклучуваше твид сако од Селин, фармерки од јапонскиот бренд Moussy и балетанки од Шанел.
На католички Велигден, парот навиваше на натпревар во одбојка. Меган се појави во сако од Брендон Максвел, тесни фармерки и салонки од Маноло Бланик.
Престојот во Холандија, Меган го започна со бел костум со потпис на Валентино.