Роки Барнс синтетизира лежерна елеганција и бохо шик за да склопи модни комбинации кои наидуваат на комплименти.
Американската блогерка, која на Instagram има над 1,6 милиони следбеници, за својот стил вели: „Мојот стил го гледам како секси, модерна интерпретација на класични парчиња. Би рекла дека ‘бохо лукс’ ме опишува најдобро.“
„Пронаоѓам инспирација за мојот стил насекаде, од винтиџ филм кој сум го гледала додека сум растела или од уличниот стил на Лос Анџелес и Њујорк (мојот втор дом). Случајни комбинации на бои понекогаш ми се инспирација за цел аутфит“ – пишува таа на својот блог.