Доналд и Меланија Трамп се во официјална посета на Полска. Додека претседателот на САД одржуваше средби со политичкиот врв на земјата и претседателот Анджеј Дуда, Меланија се сретна со првата дама Агата Дуда.
Меланија изгледаше шармантно во фустан од брендот Delpozo кој чини 2.300 долари.
Двете дами го посетија Центарот за наука Коперник во Варшава.
За пристигнувањето во Полска, Меланија избра зелено палто од Дајен фон Фирстенберг.
47-годишната Меланија ја напушти Белата куќа облечена во едноставна комбинација со панталони од Валентино, црни чевли од Маноло Бланик и луксузна чанта од Ермес.