Војвотката Кетрин и принцот Вилијам се на мисија да покажат како различните заедници во Британија се справуваат со пандемијата.
38-годишните претставници на британското кралско семејство посетија пекара во Лондон, која им помагаше на засегнатите од корона-кризата. Кетрин шармираше во цветна креација од брендот Beulah London и слична маска додека месеше тесто за ѓевреци заедно во Вилијам во пекарата Beigel Bake.
Кралскиот пар се сретна со волонтери кои за време на пандемијата им помагаа на лицата од најранливите категории со храна и лекови.