Соработката на Џиџи Хадид и „Max Mara“ се задлабочува. 21-годишната манекенка повторно застана во центарот на рекламните фотографии на италијанскиот бренд, претставувајќи ги модните додатоци од колекцијата пролет/лето 2017.
На фотографиите, во чиј фокус се ставени чантите и очилата за сонце, популарниот модел позира во шик женски костум во црна, црвена и бела боја.
Фотографиите ги потпишува Стивен Мајзел.