Како еден од најбараните модели, Џиџи Хадид постојано ги краси страниците на модните списанија. За ноемвриското издание на „Вог“ Париз, 21-годишната манекенка блесна во креации од високата мода на врвни модни куќи.
Реномираниот фотограф Марио Тестино ја фотографираше Хадид додека таа позираше во дизајнерски парчиња од брендови како Шанел, Диор, Жан Пол Готје, Армани, Џамбатиста Вали и Живанши.
Едиторијалот беше снимен во Рим.