Џими Чу, еден од најпопуларните брендови за обувки и модни додатоци без кој не може да помине ниту една парада на црвениот тепих, годинава прославува 20 години постоење.
Со цел да ги одбележи дводецениските успеси, креативната директорка Сандра Чои создаде гламурозна колекција.
Капсулната колекција „Memento“ цели да ја долови безвременската магија на носење на Џими Чу, а вклучува обувки и вечерни чантички.