Џесика Алба е скоро непрепознатлива на фотографиите од нејзиниот едиторијал за италијанското издание на списанието Вог.
Облечена во секси модерни парчиња, со кратка темна боб фризура и со екстремно силна шминка, 29-годишната актерка позираше пред објективот на Микеланџело Ди Батиста.
Нејзиниот „вампирски“ изглед за фотосесијата е сосема поразличен од она што сме навикнати да го гледаме од Алба, а и од нејзиниот изглед во новиот трејлер за нејзиниот најнов филм „An Invisible Sign“, во кој таа глуми учителка по математика.