Џесика Алба изгледаше занесно на хуманитарната гала на Baby2Baby, која ја поддржува секоја година. Настанот во Лос Анџелес традиционално се одржува од оваа организација, чија цел е да им обезбеди на сиромашните семејства основни нешта, како производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.
На свеченоста, 41-годишната актерка и бизнисменка пристигна во цветна креација во која изгледаше како модерна принцеза. Розовиот фустан на шармантната холивудска ѕвезда доаѓа од колекцијата ресорт 2023 на Каролина Ерера.
Алба беше придружувана од сопругот Кеш Ворен.