Џенифер Лопез и на 48 години е неуморна и поактивна отсекогаш. Откако ја забавуваше публиката на музичките награди на Billboard со енергичниот настап, популарната пејачка се упати на забава за промоција на својата нова песна „Dinero“.
На настанот, Џеј Ло се појави во бела креација со златни детали од модната куќа Ралф и Русо.
Претходно, Лопез присуствуваше на хуманитарна гала со својот партнер Алекс Родригез.