Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Шанел раскажа ориентална модна приказна во Дубаи

ФОТО: Шанел раскажа ориентална модна приказна во Дубаи

„Романтична идеја, без какви било фолклорни елементи, за Ориентот од мојата фантазија во 21. век“ – вака Карл Лагерфелд ја опиша новата егзотична колекција на Шанел.

Француската модна куќа ја презентираше колекцијата ресорт 2014 во Дубаи, пред очите на над 1.000 гости на еден од „вештачките“ острови во модерниот град.

Како божици од Истокот, манекенките дефилираа во слоевити комбинации од харем панталони, туники и развеани фустани со релаксирани силуети.

Особено впечатливи беа невообичаените обувки „Аладин“ и дијадемите во форма на полумесечина. Лагерфелд појаснил дека црпел инспирација од 50-тите години на 19. век и 60-тите години на минатиот век, кога бил особено популарен накитот во форма на месечина. Мора да се спомене дека една од причините за застапеноста на полумесечините е што наликуваат на „C“, односно се дел од препознатливиот знак на Chanel со двојно огледално С.

Меѓу славните гостинки беше и Ванеса Паради, која за модниот спектакл изјави: „Навистина беше прекрасно. Ми се допаѓа како ја донесоа културата на Дубаи во стилот на Шанел.“

Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел
Колекција Шанел Колекција Шанел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.