Модернистичките чанти од колекцијата ресорт 2013 на Џими Чу ги истражуваат чистите силуети. Во богатата колекција доминираат вечерни плик чантички, но исто така им е отстапено место и на големи чанти со строга правоаголна форма и ранци декорирани со ѕвездички.
Освен сребрените и златни нијанси, палетата на бои вклучува и светло розова, темно сина, портокалова и тиркизна боја. Од деталите повпечатливи се ѕвездичките, додека луксузниот изглед е доловен преку интересни текстури со футуристички изглед.