Чантите се омилениот моден додаток на жените, ем затоа што го доизградуваат стилот, ем затоа што во нив жените носат мал дел од својот живот.
Колекцијата на Каролина Ерера за сезоната пролет/лето нуди прекрасни чанти во различни стилови и бои кои се спој на функционалноста и елеганцијата. Колекцијата се карактеризира со симетричност, а очигледно е дека дизајнерката се обидувала да го избегне комбинирањето на контрастни материјали.
Иако се вклучени и чанти во темнокафеава, карамела боја или тегет, најголем дел од чантите се во живи бои како црвена, зелена и жолта.
Во секој од класичните модели има одредена доза модернизам, за секоја современа жена да посака да поседува барем една од безвременските чанти.