Екстравагантни фустани од високата мода на врвните модни куќи Ели Сааб, Жан Пол Готје, Диор, Версаче, Џамбатиста Вали, Шанел и Валентино се во фокусот на моден едиторијал на француското списание „Gala“.
Србинката Мили Бошковиќ позира во луксузните креации од колекциите за сезоната
На илустрациите во позадина се прикажани креативните директори на брендовите од кои доаѓаат фустаните – Ели Сааб, Жан Пол Готје, Раф Симонс, Донатела Версаче, Џамбатиста Вали, Карл Лагерфелд, Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли.
Фотографиите од едиторијалот „Exquises Esquisses“ ги потпишува Паскал Шевалиер.