Ромео Бекам пред две години зачекори во семејството на легендарниот британски бренд Burberry и сè уште ја одржува силната соработка. Младиот син на Викторија и Дејвид Бекам има главна улога во божиќната кампања на модната куќа.
4-минутното видео „From London With Love“ ја раскажува љубовната приказна на млад пар во Лондон.
На лансирањето на празничната кампања, 12-годишниот Ромео ја доби поддршката од своите славни родители.