Џиџи и Бела Хадид беа како магнети за погледи на забавата по шоуто на Victoria’s Secret. Славните сестри зачекорија на розовиот тепих во ултра секси креации.
21-годишната Џиџи избра креација од високата мода на Версаче, додека 20-годишната Бела својот изглед му го довери на дизајнерот Џулиен Мекдоналд.
Популарните модели, кои моментално се едни од најбараните во светот, позираа и со своите мајка и татко.
Ова е втора VS ревија за Џиџи, додека Бела за првпат дефилираше покрај атрактивните ангели на брендот за долна облека. Погледнете како изгледаа тие на долго очекуваната ревија: