Џиџи Хадид и Томи Хилфигер недискутабилно се совршено дизајнерско дуо.
Откако минатата година направија „бум“ на Њујоршката недела на модата, 21-годишната манекенка и 65-годишниот дизајнер овој пат го освоија Лос Анџелес, со модна ревија на која беше прикажана нивната нова колекција за следната топла сезона.
Ѕвезди на ревијата секако беа Џиџи и Бела Хадид.










На славните сестри, им се придружија и бројни ангели и модели на Victoria’s Secret.

Ферги беше ангажирана да ја забавува публиката на шоуто.











Наводно, голем дел од колекција се распродала уште пред да биде прикажана на ревијата.