Тарик Едиз го задоволува апетитот на пребирливите дами за раскошна елеганција. Турскиот дизајнер за релативно кратко време своето мало ателје го претвори во огромна фабрика за креации кои ја збогатуваат модната понуда во над 30 земји низ светот.
Актуелната колекција пролет/лето 2014 вклучува младешки фустани во стил „принцеза“ или „балерина“, како и женствени вечерни тоалети кои максимално ја истакнуваат фигурата.
Ефектните елементи од бисери, мониста и кристали, кои честопати придобиваат форми инспирирани од флора, корали или пердуви, го засилуваат гламурот.
Дел од промотивните фотографии биле направени на локации во Лос Анџелес и Париз.