Тарик Едиз навистина умее да стигне до срцето на секоја дама која сака да блесне на свеченостите. Елегантните креации од колекцијата 2018 мамат воздишки уште од самиот момент кога стигнаа до љубопитните погледи на припадничките на понежниот пол.
Промотивните фотографии прикажуваат жени кои магнетски привлекуваат. Стар холивудски гламур владее на дел од фотографиите на кои моделите се прикажани како ѕвезди опкружени од папараци, додека на останатите, моделите се заводнички посакувани од морнари.