Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Раскошна изложба на Ели Сааб во Париз

ФОТО: Раскошна изложба на Ели Сааб во Париз

Ели Сааб и официјално е дел од Париската модна недела. Либанскиот дизајнер на 30 септември ќе ја открие својата нова колекција за идната сезона. По тој повод, во хотелот George V во градот на светлината е поставена изложба на раскошни креации од колекцијата на Сааб висока мода есен/зима 2013.

Изложбата на Ели Сааб Изложбата на Ели Сааб

Придушената светлина и цветните аранжмани ја збогатуваат атмосферата и го потенцираат раскошот на рачно изработените фустани. Околу 20.000 црвени и бели рози се искористени за разубавување на лобито на хотелот.

На една од фотографиите е прикажан „невестинскиот“ фустан од последната ревија на Сааб, опкружен со букети од рози.

Изложбата на Ели Сааб Изложбата на Ели Сааб

Ели Сааб деновиве заработува многу комплименти за невестинскиот фустан на Клер Ледемахер, која изминатиов викенд се омажи за принцот Феликс од Луксембург. Кралската свадба привлече големо медиумско внимание.

Клер Ледемахер и принцот ФеликсКлер Ледемахер и принцот Феликс Клер Ледемахер и принцот Феликс Клер Ледемахер и принцот Феликс Клер Ледемахер и принцот Феликс Клер Ледемахер и принцот Феликс

Славниот дизајнер објави дека венчаницата била рачно везена и секој украс бил рачно шиен од вработените во неговото ателје. Креацијата била инспирирана од неговата колекција „Ода на деликатноста“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.