Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Првата колекција чанти од Маноло Бланик

ФОТО: Првата колекција чанти од Маноло Бланик

Маноло Бланик ги освои женските срца со елегантни обувки, а сега ќе се обиде да ги шармира припадничките на понежниот пол и со вечерни чантички.

72-годишниот дизајнер ја објави својата прва колекција чанти. Станува збор за мали чантички за свечени прилики кои се изработени од свила и креп, а се декорирани со блескави кристали.

„На секоја жена ѝ треба накит – нешто многу специјално и убаво. Нема ништо поубаво од женска рака која држи предмет кој наликува на скапоцен камен“ – изјавил Бланик за WWD.

Чанти Маноло Бланик Чанти Маноло Бланик

„Секогаш сум инспириран од убавите жени од минатото и сегашноста, па кога помислив да креирам колекција чанти, бев сигурен дека тоа ќе бидат вечерни чанти за жените на денешницата. Овие чанти се продолжение на некои од стиловите кај обувките кои ги сакам, бидејќи сакав да ја зачувам врската помеѓу обувките и чантите“ – рекол Бланик за британскиот „Вог“.

Чанти Маноло Бланик Чанти Маноло Бланик

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.