Оливија Палермо креираше колекција накит инспирирана од нејзината љубов кон винтиџ модни додатоци.
Колекцијата се состои од ланчиња, обетки, прстени и брошеви и е резултат на соработката на Палермо со брендот за накит „BaubleBar“. Секое парче од колекцијата чини помалку од 100 долари.
Ѕвезда на рекламните фотографии направени од Џејсон Ким е самата Палермо.
„Бев навистина инспирирана од есента и од есента во Нова Англија. Првата половина од колекцијата е ориентирана кон природата, а како што се приближува празничната сезона, се насочуваме повеќе кон Арт Деко“ – изјавила популарната блогерка.
Оливија неодамна создаде и колекција шминки за козметичкиот бренд „Ciaté“.