Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Првата дама Елизабета Ѓоргиевска стилски беспрекорна во црвено во Дубаи

ФОТО: Првата дама Елизабета Ѓоргиевска стилски беспрекорна во црвено во Дубаи

Елизабета Ѓоргиевска моментално престојува во Дубаи по повод Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, во чии рамки ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“.

Македонската прва дама оствари средба со Охуд Калфан Ал Руми, државна министерка за владин развој и иновации на Обединетите Арапски Емирати.

Елизабета Ѓоргиевска во Дубаи

„Посветено инвестирање во развој, иновации, нови политики и пристапи на работа, ќе ни помогнат наместо да ја пречекаме, да ја креираме нашата иднина во денешниот глобализиран свет. Денеска во Дубаи имав одличен разговор со г-ѓа Охуд Калфан ал Руми. На средбата разговаравме и за врските помеѓу нашите општества кои се создаваат преку институционалната соработка, како и преку нашите сограѓани кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати“ – пишува на официјалните профили на Ѓоргиевска.

Елизабета Ѓоргиевска во Дубаи

Ѓоргиевска оствари и средба и со Омар Султан Ал Олама, државен министер за вештачка интелигенција.

„На мојата средба со министерот за вештачка интелигенција на Обединетите Арапски Емирати, Омар Султан Ал Олама разговаравме за најновите проекти од областа на вештачката интелигенција и нејзината важност за иднината.“

„Со забрзување на дигитализацијата на индустријата и економијата се овозможуваат големи придобивки за луѓето, меѓу кои и поедноставениот пристап до електронските услуги“ – напиша Елизабета.

За оваа пригода, Елизабета изгледаше беспрекорно елегантно во црвена комбинација.

Елизабета Ѓоргиевска во Дубаи Елизабета Ѓоргиевска во Дубаи Елизабета Ѓоргиевска во Дубаи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.