Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Првата дама Елизабета Ѓоргиевска плени на „Браќа Манаки“ во Битола покрај Стево Пендаровски

ФОТО: Првата дама Елизабета Ѓоргиевска плени на „Браќа Манаки“ во Битола покрај Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски и Првата дама Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на одбележувањето на 41-вото издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Во услови на пандемија, беше откажана планираната програма и очекуваниот црвен тепих и традицијата беше продолжена со централен настан во Градот на конзулите.

На свеченоста во Пациото на Музејот на Битола, проф. д-р Ѓоргиевска се појави во креација од македонската дизајнерка Лидија Георгиева. Коктел фустанот со долги ракави е во прекрасна нијанса на син муслин.

Браќа Манаки

„Инспирирани од годинешната девиза на фестивалот ‘Glance Over The Fence’, сакавме да одиме со боја на визионерство, слобода и иднина, како бојата на небото“ – сподели дизајнерката за Femina.mk.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Пендаровски, како покровител на Фестивалот, одржа говор пред публиката од само 80 лица.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Почитувани вљубеници во магијата на подвижните слики, почитувани организатори на фестивалот „Браќа Манаки“, почитувани лауреати. Дозволете да ве поздравам како покровител на првиот, и меѓу стотиците филмски фестивали, еден од само неколкуте во светот, кои се фокусирани на кинематограферите, фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.

Станува збор за еден од најзначајните културни настани во нашата земја, настан во кој е вткаена богата историја, многу ентузијазам и љубов кон филмската уметност. Благодарение на овој фестивал, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност.

За жал годинава го нема црвениот тепих и препознатливиот гламур пред Центарот за култура во Битола, ги нема филмските проекции и полните кино сали, ги нема драгите гости од светот на филмот. Пандемијата со КОВИД-19 ги промени сите планови и предвидената програма за 41-вото издание на „Браќа Манаки“. Сепак, традицијата продолжува, и во скратена и во изменета форма, фестивалот и натаму живее.

Пендаровски

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Говорот на Пендаровски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20832 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.