Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Полусестрата на Кејт Мос го направи првиот голем чекор во светот на модата

ФОТО: Полусестрата на Кејт Мос го направи првиот голем чекор во светот на модата

Помладата полусестра на Кејт Мос го потпиша својот прв договор со модна агенција. Лоти Мос очигледно нетрпеливо чекаше да заплива во светот на модата, па на денот на својот 16-ти роденден таа објави дека е дел од агенцијата „Storm Model Management“.

Лоти Мос

Лоти за првпат го привлече вниманието кон себе на свадбата на Кејт Мос, кога беше една од петнаесетте деверуши.

Лоти МосЛоти на свадбата на Кејт Мос во јули 2011 година

Веднаш во модните кругови започна да се зборува за иднината на младата Мос и беше направена нејзината прва пробна фотосесија со фотографот Андреа Картер-Боумен.

Шарлот Мос
Шарлот Мос Шарлот Мос
Шарлот Мос Шарлот Мос
Шарлот Мос
Шарлот Мос Шарлот Мос

Сепак, мајката на Лоти тогаш одлучи дека таа е премногу млада за да влезе во модниот бизнис, па агенциите мораа да почекаат неколку години за да го предложат првиот договор.

Кејт Мос беше „откриена“ на 14-годишна возраст од основачката на агенцијата „Storm Model Management“. Првата фотосесија ја направи на 16 години, а до ден денес таа е едно од најпрепознатливите лица во модната индустрија.

Останува да видиме дали Лоти ќе успее да го повтори успехот на својата повозрасна сестра.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.