Зухаир Мурад ги облече финалистките на „Мис Либан 2016“. Славниот дизајнер, кој доби место во жирито, беше задолжен за изгледот на убавиците и водителката на манифестацијата.
Минатогодишната победничка Валери Чакра ѝ ја предаде круната на новата мисица Сенди Табет.
Марибел Тарабеј беше избрана за прва придружничка.
Андреа Хајкал, која беше за избрана за втора придружничка, заведуваше во бела креација.
Водителката Ајме Сајах исто така носеше креации од Зухаир.