Колоритноста преовладува, а влијанието од шпанската култура и традиција се наѕира во колекцијата обувки на Маноло Бланик за претстојната сезона пролет/лето 2014.
„Погледнете ги овие обувки – нели се декадентни и прекрасни!“ – рекол со гордост Бланик за време на презентацијата.
71-годишниот дизајнер несомнено црпел инспирација и од природата, бидејќи многу од сандалите се украсени со цветови и мали детали кои потсетуваат на минијатурни лисја.