Забавните колекции на Софија Вебстер се препознатливи по откачените тематики и колоритниот микс. Откако се усоврши покрај ексцентричниот Николас Кирквуд, младата Британка инстантно се проби до врвот на модната индустрија.
Летачки инсекти и пеперутки ги шират своите крилја на новите обувки на Вебстер. Женствените модели се разубавени со деликатни ласерски исечени крилја на пеперутки. „Гледав во пеперутките и различните шари на крилјата на пеперутките, а исто така и во инсекти како бубамара и пчела“ – изјавила Вебстер, опишувајќи ја својата инспирација.
Во продолжение погледнете низ колекциите пролет/лето 2014 и „ресорт“.