Никол Кидман изгледаше како гламурозна дива на Филмскиот фестивал во Лондон. На премиерата на својот најнов филм „Lion“, 49-годишната актерка мамеше погледи во црна креација и шминка која вклучуваше црвен кармин.




Високиот шлиц на кадифениот фустан и ветерот не беа добра комбинација за славната Австралијка, но таа успеа без проблем да го мине црвениот тепих.






Никол позираше и со својот колега Дев Пател.






Претходно, Кидман блесна со светол стајлинг. На настан за промоција на филмот, холивудската ѕвезда се појави во бел женски костум од Алберта Ферети и сандали од Џузепе Ѕаноти.





Многумина шпекулираат дека „Lion“ ќе ѝ донесе на Кидман номинација за Оскар за Најдобра актерка во споредна улога.