Ешли Грем постојано го збогатува своето дизајнерско портфолио. Најпознатиот модел со облини создаде колекција костими за капење во соработка со „Swimsuits For All“.
За колекцијата, 28-годишната Американка се инспирирала од Џејмс Бонд и целела да им овозможи на жените да се чувствуваат силни, но истовремено и секси. „Отсекогаш сакав да бидам Џејмс Бонд. Не една од неговите девојки. Тие секогаш се портретирани како секси, но остануваат на втор план, па зошто да не бидам шефот? Јас сум силна, но исто така секси“ – изјавила Грем.
Камапањата е снимена на островот Курасао од сопругот на Ешли, фотографот Џастин Ервин.
ВИДЕО:
Ешли ја претстави својата нова колекција и во фотосесија за списанието „Elle“.