Софистицираност, префинетост, гламур и елеганција владеат на црвениот тепих на престижната манифестација „Златен глобус“. Холивудските дами се подготвуваат за големиот настан со огромна посветеност, избирајќи дизајнерски креации со кои ќе привлечат позитивни критики.
За неколку часа ќе започне модната парада по повод 72. издание на „Златен глобус“. Пред да ги видиме новите стилски изненадувања, да се навратиме на дел од досегашните највпечатливи стајлинзи на значајната свеченост.