Наоми Кембел е фатална жена во сензуална и мистична кампања на „Agent Provocateur“.
„Одлично е да се биде заштитно лице на кампањата пролет/лето 2015 на Agent Provocateur, особено во 40-тите години!“ – изјавила Кембел.
Објаснувајќи го изборот на тим за создавање на новите рекламни фотографии, Сара Шотон, креативната директорка на познатиот бренд, рекла: „Наоми и Елен беа совршени за тоа, бидејќи двете имаат силни индивидуални карактери. Наоми е ултимативната жена на Agent Provocateur: остроумна, прекрасна и самоуверена“.
Кампањата е инспирирана од психолошкиот трилер „Lost Highway“ на Дејвид Линч и трилерот „Body Double“ на Брајан де Палма.